Швеѓаните имаат намера да ја исфрлат целата историја постара од 18 век од училиштата и да ги концентрираат своите ученици на холокаустот, Хитлер, Втората светска војна и постмодерниот период од крајот на 20 век.

Нема повеќе антички Рим, античка Грција, веќе нема да се учи за големото шведско царство – објави шведскиот одбор за образование, кој предлага предметот историја да биде радикално изменет, пренесува порталот Свд.де.

Повеќе време во образованието се дава на прашањата за половите, климатските промени и миграциите, додека во повисоките одделенија, во кои одат ученици на возраст од 13 до 15 години, нема да се предава историја која датира од пред 1700 година, пренесува Б92.

Предложено е античка Грција, антички Рим и ерата кога Шведска била голема сила (1611-1718) и владеела со земјите околу Балтичкото Море да бидат избришани од историските учебници за најмладите.

Оваа намера, сепак, предизвика отпор од професорите по историја.

Тоа е страшно, бизарно и апсурдно – тврди историчарот Дик Харисон.

Тој посочува дека е принуден да реагира и укажува на фактот дека е потребна „античката историја“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.