Шведската полиција утрово соопшти дека сите девет лица кои биле во авионот што се урна по полетувањето во близина на шведскиот град Оребро, се прогласени за мртви.

Ова беше многу тешка несреќа. Загинаа сите што беа во авионот, објави шведската полиција на својата веб-страница.

Според соопштението, авионот DHC-2 Turbo Beaver носел осум падобранци и еден пилот. Се срушил во близина на пистата на аеродромот Оребро кратко по полетувањето и се запалил.

Слична несреќа се случи во северна Шведска во 2019 година, кога авион со падобранци се урна непосредно по полетувањето. Во несреќата загинаа девет лица, а истрагата откри дека авионот бил неправилно наполнет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.