Шведскиот политичар од турско потекло, Микаил Јуксел, во земјата ја формира првата „Партија на мигранти“, пренесе турската државна агенција Анадолија.

Јуксел во изјава за тамошните медиуми подвлече дека неговата партија ќе ги преставува интересите на мигрантите. Веќе е поднесено барањето за нејзина регистрација во изборниот орган на оваа скандинавска земја, за да може да се вклучи во трката за следните избори.

Сакаме исламофобијата да се прогласи за криминал. Сакаме муслиманите да бидат признати за малцинство во шведскиот Устав, изјави Јуксел, објаснувајќи ја програмата на неговата партија.

Јуксел е поранешен член на партијата „Центар“ и во минатото дури бил и предводник на кандидатска листа на избори во вториот по големина град во земјата – Гетеборг. Тој, меѓутоа, пред ланските избори бил исклучен од нејзините редови, затоа што „одбив да зборувам против Турција или нејзиниот претседател Реџеп Тајип Ердоган“.

Според него, противниците на Анкара многу лесно наоѓаат место во шведската политика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.