Во швајцарскиот кантон Сент Гален се издадени повеќе од 8.000 фалсификувани сертификати за вакцинација, соопшти регионален официјален претставник.

Истрагата сега е фокусирана на група вработени кои работат во приватен центар за тестирање на Ковид-19, бидејќи нивната работа им овозможила пристап до национален систем за сертификација за вакцинација. Осомничените ќе треба да платат одредена сума како казна или ќе се соочат со казна затвор до пет години.

Оние кои платиле големи суми за лажни потврди за вакцинација добиле и казни или морале да платат одредена сума, велат од кантоналната управа. Фалсификуваните сертификати повеќе не се валидни.

Со стапка на вакцинација од околу 61 отсто од населението, Сент Гален е еден од најслабите кантони во Швајцарија со скоро 67 проценти вакцинирани жители.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.