Завршените парламентарни избори во Шпанија уште повеќе ја закомпликува политичката состојба во оваа земја, но индиректно и во Македонија

Актулениот премиер Педро Санчез но со послаб резултат од оние во април годинава. Добар успех постигна екстремно десничарскиот Вокс кој се најде на третото место. Пред Вокс е конзервативната Народна партија. Ова покажува дека и натаму ќе продолжат политичките превирања и оти тешко дека ќе се формира влада.

Тоа пак значи дека нефункционален ќе биде и шпанскиот Парламент кој треба да го ратификува Протоколот за наше членство во НАТО.

Македонија оди на избори на 12 април а нашиот Парламент кој исто така треба да го ратификува треба да го стори до неговото распуштање, односно до 11 февруари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.