Шпанската Влада ќе предложи поинакви Божиќ и Нова година, со ограничувања поради коронавирусот, така што на прославите ќе бидат дозволени само шест лица, пишува денеска шпанскиот весник „Мундо“.

Цитирајќи нацрт-документ на Министерството за здравство, за кој ќе се разговара со регионалните здравствени лидери, „Мундо“ наведува дека Владата ќе препорача канцелариските собирања и сличните прослави пред празниците да се одржуваат на тераси во ресторани, надвор или на места кои немаат повеќе од два ѕида.

Во документот се предлага планирање на поинаков Божиќ без одземање на неговиот дух, што го прави еден од омилените празници на граѓаните.

Семејствата со повеќе од шест члена, кои живеат заедно, ќе можат заедно да ги слават Бадник, Божиќ и Нова година, според владиниот нацрт-план кој го цитира „Мундо“.

Почетокот на полицискиот час во повеќето шпански региони ќе биде поместен од 23 часот на 1 часот по полноќ на 24 и 31 декември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.