Оваа година во САД, за првпат во историјата, биле извршени повеќе смртни казни отколку во сите земји во светот заедно, покажуваат податоцие во годишниот извештај на Центарот за информации за смртните казни од Вашингтон.

Претседателот Доналд Трамп, по седумнаесетгодишна пауза, нареди извршување на смртна казна во целосен обем, така што во текот на 2020 година во САД биле извршени рекордни 10 егзекуции во САД. Тоа е најголема бројка од 1800 година.

Ова никогаш порано не е видено. Дури не се надевавме дека ќе се случи вакво нешто и веројатно ќе помине многу време пред да се повтори вакво нешто, ако некогаш се повтори – изјави Роберт Данам од Центарот за информации за смртни казни во Вашингтон.

Администрацијата на Трамп закажа уште три егзекуции за во јануари, пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.