Во САД се аплицирани 412.856.169 дози вакцина против Ковид-19, а уште 503.521.625 дози се испратени во центрите за вакцинација.

Американските центри за контрола и превенција на болести објавија дека најмалку една доза од вакцините била дадена на 220.145.796 лица, а 190.402.262 лица се целосно вакцинирани. Податоците се за вакцините со две дози на „Фајзер/Бионтек“ и „Модерна“ и вакцините со единечна доза на „Џонсон и Џонсон“.

Околу 13 милиони луѓе добиле засилувачки дози на вакцини „Фајзер“ и на „Модерна“ од 13 август, кога САД дозволија да им се даде трета доза на луѓе со компромитиран имунолошки систем, кои најверојатно ќе имаат помала заштита од вирусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.