Со паради, фестивали, одење во природа и часови по историја, Американците ширум земјата го прославија новиот државен празник Џунтинт, со кој се одбележува крајот на ропството во САД.

Претседателот на САД, Џо Бајден во четвртокот го потпиша законот со кој Џунтинт е прогласен за 11. федерален празник. Предлог законот претходно го усвои Претставничкиот дом на Конгресот на САД, со 415 гласови за и 14 против. Сенатот едногласно го усвои предлог законот.

Празникот „Џунтинт“ е спој на два англиски збора, јуни и реден број 19 и познат е и како Ден на ослободувањето.

Со него се одбележува 18, јуни 1865 година, кога војниците на Унија во Галвестон, во Тексас ги ослободиле последните робови во САД. Тоа е две и пол години откако со Прокламацијата за еманципација се ослободени робовите во јужните делови на САД.

Со храна, жива музика, игра и читање поезија овој ден е прославен во Канзас Сити во државата Мисури, а стотици луѓе се собраа на бесплатниот концерт во њујоршкиот Тајмс Сквер, во организација на групата „Бродвеј лиг“.

Џунтинт е првиот нов федерален празник од 1983, кога во САД е прогласен Денот на Мартин Лутер Кинг помладиот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.