Врховниот суд на САД донесе одлука дека гласачките ливчиња за претседател од Пенсилванија, клучни за шансите на Доналд Трамп да биде реизбран, ќе се сметаат за валидни ако бидат добиени во рок од три дена од денот на изборите, дури и ако се со нечитлив поштенски печат.

Според Си-Ен-Ен, четворица судии гласале против, што значи дека имало паритет на гласови, а претседателот Џон Робертс гласал на ист начин како и тројцата либерали на суд.

Одлуката на Врховниот суд е пораз за републиканците, кои инсистираа да се пребројат само гласачките ливчиња добиени до денот на изборите

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.