Во САД во последните 24 часа регистрирани се повеќе од 43 илјади заразени со корона вирус, соопшти Универзитетот Џонс Хопкинс кој секој ден го објавува бројот на заразени и починати од овој вирус.

Во саботата пријавени се 43.742 лица заразени со корона вирус, а од почетокот на пандемијата во САД се заразени два милиони и 836.764 луѓе.

Од корона вирусот во последните 24 часа починале 252 лица, а од почетокот на пандемијата вкупно 129.657 луѓе.

САД се најпогодени со вирусот. Претседателот Доналд Трамп во саботата повторно ја критикуваше Кина, каде за прв пат се појави Ковид-19, наведувајќи дека земјата би требало да ја сноси одговорноста за ширењето на вирусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.