Во Русија последните недели е забележана зголемена продажба на алкохолни пијалоци, најмногу водка, виски и пиво.

Во последната недела од март, продажбата на водка е зголемена за 31 отсто во однос на истиот период минатата година, додека продажбата на виски за 47 отсто, а на пивото за 25 отсто.

Мерките што ги воведе Русија за намалување на ширењето на коронавирусот ќе бидат на сила до 30 април. Поради тоа, некои вработени се на неплатено отсуство, некои се отпуштени или со намалена плата.

Во Москва дозволено е граѓаните да излезат од дома само за да купат храна или лекови во најблиската продавница, заради добивање здравствена услуга, да фрлат ѓубре или да прошетаат куче.

Еден од најголемите трговски синџири „Магнит“ соопшти дека овој период двојно ја зголемиле продажбата на алкохол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.