Во Русија петти ден по ред регистриран е пораст на заразени лица со Ковид-19, а во изминатите 24 часа пријавени се 13.510 нови случаи, што е највисока бројка на тримесечно ниво.

Вкупниот број на инфицирани луѓе со корнавирусот во Русија се искачи на 5.193.964.

Во изминатото деноноќие од последици од Ковид-19 починаа 399 луѓе, со што вкупниот број на жртви од почетокот на пандемијата изнесува 126.073.

Во периодот од април 2020 до април 2021 година регистрирани се 270.000 смртни случаи во Русија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.