Најмалку шест чувари се повредени во терористички напад во седиште на Федералната служба за безбедност (ФСБ), во населбата Учкекен, во регионот Карачи-Черкезија.

Терорист се разнел во намера да и нанесе штета на ФСБ и да ги прекине операциите во Карачај-Черкеџи.

Денеска околу пладне, неидентификувано лице се обиде да им нанесе штета на активностите на Федералната служба за безбедност на Русија во регионот. Криминалецот се разнесе и полесно повреди припадници на ФСБ. Нема повредени цивили – соопшти службата.

На повредените им е укажана лекарска помош, а во моментов се на откривање на напаѓачите, додека активностите на ФСБ се одвиваат без прекин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.