Русија денеска регистрира 28.145 нови случаи на коронавирусот, што е најголем дневен број од почетокот на пандемијата, со што вкупниот број на пациенти достигна 2.375.546.
Во истиот период од последици од Ковид-19 починаа уште 554 луѓе, па вкупниот број на пациенти кои ја изгубиле борбата против коронавирусот сега изнесува 41.607, соопшти руското Министерство за здравство.

Од коронавирусот закрепнале 1.859.851 лице (малку повеќе од 73 проценти), а стапката на раст на заразени се зголеми за 1,2 проценти, додаде кризниот штаб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.