Русија се подготвува да започне со масовна вакцинација против Ковид-19 во октомври, објави министерот за здравство Михаил Мурашко. Лекарите, медицинскиот персонал и наставниците ќе бидат првите кои ќе ја примат вакцината.

Светските агенции пренесуваат анонимни извори кои тврдат дека руската вакцина ќе биде одобрена од регулаторите до крајот на месецот.

Но дел од експертите се загрижени поради брзината со која Русија а и Кина, ги развиваат своите вакцини. Американскиот имунолог Ентони Фаучи изрази сомнеж за безбедноста на вакцините додавајќи дека се надева оти Кинезите и Русите ќе ги тестираат своите вакцини пред да ги дадат на некого.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.