Рускиот патнички авион Антонов Ан-28, кој пренесувал до 17 патници, исчезнал денеска од радарите на летот над сибирскиот регион Томск, објавуваат руски новински агенции.

На летот од Кедровиј во регионот Томск до регионалната престолнина на Томск имало меѓу 13 и 17 патници, објавија агенциите ТАСС и РИА повикувајќи се на локалните власти.

Пред помалку од две недели сличен авион, Антонов Ан-26 се забил во рид поради слаба видливост кај полуостровот Камчатка, на рускиот Далечен исток. Загинаа сите 28 лица на тој лет.

Антонов-28, ист модел на авионот кој исчезна над Томск, се урна во шума на Камчатка во 2012 година. Во несреќата тогаш загинале 10 лица, а истражителите откриле дека двајцата пилоти биле пијани во моментот на падот на авионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.