Романија нема да прогласи епидемија на грип, иако државата е во состојба на епидемиолошка тревога, изјави на денешната прес-конференција министерот за здравство на таа држава Александру Рафила.

– Не сакам на кој било начин да се вратам на дискусиите поврзани со карантин и изолација. Претпочитам препораки отколку ограничувања, истакна Рафила и им препорача на Романците да носат маски во затворени простори.

Во меѓувреме, Националниот центар за надзор и контрола на заразни болести при Националниот институт за јавно здравје соопшти за први смртни случаи од грип во Романија. Станува збор за 25-годишна жена од Букурешт со потврден вирус на грип од типот А и уште една 50-годишна жена, исто така од Букурешт.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.