Судот во Романија денеска ги осуди Елена Удре, поранешна министерка и Јоана Басеску, ќерка на поранешниот претседател Трајан Басеску, на затворски казни за „перење пари“ и примање мито за време на претседателската кампања во 2009 година.

Ќерката на поранешниот претседател е осудена на пет години затвор, а поранешната министерка и близок соработник на претседателот Басеску, на осум години без право на жалба.

Истрагата на антикорупцискиот тим во Романија идентификува голем број кривични дела во политичките партии на власт, вклучувајќи судир на интереси, злоупотреба на моќ и службена положба, измама и доделување државни договори во замена за мито.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.