Искуството да ви ја погрешат нарачката во ресторан, односно келнерот да ви донесе нешто што не сте наачале може да биде доста непријатно искуство, но еден ресторан во Токио е специјализиран токму за такви нарачки.

Концептот на овој ресторан со погрешни нарачки е да ангажира келнери со деменција.

Идејата за овој ресторан се создала од претпоставката како би функционирало едно место во кое персоналот има деменција и веројатно погрешно ќе ја разбере секоја нарачка. Сепак, идејата е дека ако гостите го знаете тоа однапред, ќе имаат целосно променета перцепција.

Таквото искуство ќе ве натера да сфатите дека со малку разбирање од наша страна, луѓето со деменција може да бидат функционални членови на општеството.

Осен што има за цел да им помага на луѓето со деменција, овој ресторан е и многу забавно место.

Причината за тоа е што кога луѓето знаат дека има големи шанси да добијат нешто неочекувано во чинијата, кај нив расте нивото на возбуда од секоја нарачка.

Според блогерите кои го посетиле овој ресторан, храната е многу вкусна, така што гостите се задоволни со што и да добијат во чинијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.