Во првите два дена од изборите за новиот состав на руската државна Дума на гласачките места излегле 31,51 отсто од гласачите, јави денеска прес-службата на Централната изборна комисија (ЦИК).
До 20 часот синоќа на руска територија, не сметајќи го електронското гласање од далечина, на изборите гласаа 31,51 отсто од граѓаните, јави прес-службата, пренесе Тасс.
Изборите за Долниот дом на рускиот Парламент, руската државна Дума, почнаа во петокот на 17 септември и ќе траат до денеска, 19 септември.
Покрај изборите за Думата, гласачите гласаат и за гувернери на девет руски региони, како и за составот на 39 локални парламенти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.