Белгискиот Кризен штаб за Kовид-19 информира дека во перидот од 17 до 23 октомври се достигнала просечна стапка од 13.000 новозаразени на ден. Таквите бројки ја стваат Белгија на второто место според стапката на новозаразени од корона вирусот во Европа по Чешката Република.

Бројките на Институтот за јавно здравје покажуваат дека во текот на неделата од 17 до 23 октомври, во просек се регистрирани 13.052 нови инфекции дневно што е за 38 отсто повеќе од претходната недела.

Од почетокот на пандемијата во Белгија се заразиле повеќе од 300.000 лица. Бројот на хоспитализации достигна 502 дневно, односно пораст од 88 отсто.

Моментално низ цела држава хоспитализирани се 5.260 лица со вирусот, од кои 809 се на интензивна нега. Сите бројки се во подем во споредба со претходната недела, вклучително и бројот на починати кои достигна 48,3 дневно.

Стапката на позитивност на тестовите надмина 21 отсто на национално ниво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.