Откако во средата беше регистриран првиот случај на корона вирус по 179 дена, во Пекинг денеска е забележан и втор случај по пауза од шест месеци.

Станува збор за маж и жена кои неодамна престојувале во град во провинцијата Хунан, каде што се забележани повеќе случаи на зараза со Делта сојот. Сите контакти на заразената двојка се ставени во карантин.

Во последните 24 часа во цела Кина се регистрирани 49 нови случаи, додека ден претходно беа забележани 86 случаи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.