Француското правосудство започнало истрага за кршење на мерките за борба против пандемијата, пред се оние за одржување на растојанието за време на верските служби за Велигден во Париз.

Во тек се прелиминарни истраги поради сомневање дека другите биле загрозени на мисата, објави денеска париското јавно обвинителство.

Францускиот весник „Ле Паризиен“ објави дека во саботата попладне многу луѓе биле без маски на велигденската миса во црквата „Свети Еуген и Сесилија“ во Париз.

На видеата од четиричасовната служба, се гледа како луѓето земаат причест директно во уста од свештеникот, а дозволено е да се земе само од свои раце.

Париската епархија, наводно, изразила зачуденост од инцидентот.

Франција, со околу 67 милиони жители, е тешко погодена од пандемијата на коронавирус. Повеќе од 4,8 милиони луѓе биле заразени со ковид-19 од почетокот на пандемијата, а скоро 96.900 починале. Состојбата во единиците за интензивна нега останува критична.

Мисите во моментов можат да се одржуваат само додека се одржува растојание. Париската епархија исто така посочува дека причест може да се прима само во рака и дека маските се задолжителни за секој над 11-годишна возраст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.