Aвстриската полицијата ги реконструираше последните часови од животот на Л.В.(13), чие безживотно тело на 26 јуни беше пронајдено потпрено на дрво во Виена, со модринки по вратот и градите. Обдукцијата покажа дека девојчето било силувано, а поради сомневање дека го силувале, а потоа го убиле детето, полицијата уапсила тројца Авганистанци, додека по четвртиот сè уште се трага.

Полицијата верува дека девојчето на 25 јуни крај Дунав се сретнало со двајца од осомничените мигранти, на возраст од 16 и 23 години, кои најверојатно ѝ подметнале екстази. Потоа ја однеле во станот на третоосомничениот (18), каде девојчето било повторно дрогирано, а потоа повеќе пати силувано.

Се верува дека во еден момент Л. В. ја изгубила свеста и дека нејзиното срце престанало да чука. Тогаш осомничените, во паника почнале да прскаа вода врз девојчето, а потоа и ја ставиле во када за да ја тушираат и да и тураат вода во грлото за да се освести. Сепак, таа веќе не даваше знаци на живот, пишува Кроне.

Телото потоа го завиткале во тепих и го изнеле на улица, каде што го оставиле на зелена површина, потпрено на дрво.

Тогаш 16-годишникот повикал полиција и брза помош, тврдејќи дека таму го нашол телото. Сепак, полициските кучиња ја намирисале трагата до куќата на осомничениот (18), а наскоро тројцата биле уапсени. За четвртиот осомничен, 22-годишен Авганистанец, е распишана меѓународна потерница.

За време на испрашувањето, најмладиот мигрант прво се бранел со молчење, а потоа тврдел дека не бил вмешан во злосторството. Тој рекој дека со Л.В. се знаат долго и дека никогаш не би ѝ наштетил. Малолетникот тврдел дека и тој самиот бил дрогиран кобната ноќ.

Не знам што се случи во станот. Тие ми дадоа и мене нешто и ја изгубив свеста. Кога се освестив, веднаш повикав брза помош, рекол осомничениот тинејџер.

Двајцата постари осомничени ѝ биле познати на полицијата од порано поради бројните кривични дела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.