Втората најголема австралиска држава Викторија, која беше жариште на зараза со Ковид-19, објави дека поминале 28 дена без ниту еден заразен со корона вирус, што е мерило кое често се наведува за да се прогласи подрачје чисто од вирусот.

Државата нема ни еден активен случај, откако последниот болен од Ковид-19 е пуштен оваа недела од болница, што е далеку од август кога земјата имаше 700 случаи на ден и близу 8.000 случаи вкупно.

Ширењето на вирусот е сопрено со затворањето кое траеше повеќе од 100 дена.

Затворањето овозможи пад на заразата, но и го успори стопанското закрепнување од првата рецесија во три децении, откако во март беа затворени големи бизниси.

Австралиската јужна островска држава Тасманија во последно време ја отвори својата граница кон Викторија, со што се овозможи семејствата кои долго беа разделени повторно да се видат.

Викторија е последната австралиска држава која доби пристап до Тасманија, која своите граници ги затвори во март.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.