Пурс е мало гратче во Белгија, кое ќе стане една од клучните точки во борбата против пандемијата. Оваа општина со 26.000 жители, лоцирана на 30 километри од Брисел, е дом на неколку фармацевтски компании, вклучувајќи ја и северноамериканската „Фајзер“.

А, токму присуството на нивната фабрика го истакнува значењето на Пурс, со оглед на тоа што има капацитет да произведува 400 милиони дози вакцини годишно.

Пурс ќе стане многу важна точка во борбата против пандемијата и поради тоа што има директен пристап до аеродромот Завентем и пристаништето Антверпен. Тоа овозможува да се извезуваат производи преку воздух или море низ целиот свет за многу брзо време. Токму таквите карактеристики беа причина за „Фајзер“ да се определи за оваа локација за производство на вакцините против Ковид-19.

Врската меѓу фармацевтската компанија и луѓето од околината е доста цврста. Во последниве години, оваа компанија инвестираше многу, а бројот на вработени кои работат во фабриката е околу 3.000.

Сепак, тоа не значи и дека жителите на овој град ќе бидат привилегирани и први ќе ја добијат вакцината што ќе се прозиведува во нивниот град. Многу жители на Пурс се надеваа на такво нешто, но тоа беше брзо отфрлено од градоначалникот, Коен ва Дер Хојвел, кој ја опиша желбата на своите граѓани како „невозможна“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.