Во Нов Зеланд се ублажени одредени мерки против коронавирусот, откако се намали бројот на новозаразени лица, така што од полноќ маските повеќе не се задолжителни во јавниот превоз.

Обврската за носење маски во јавниот превоз останува на сила во Окланд, каде што е жариштето на неодамнешниот нов бран на заразата, како и во авионите низ целата земја, пренесува Би-Би-Си.

Во Нов Зеланд, кој се смета за добар пример за брз одговор на пандемијата на коронавирусот, животот се врати во нормала во најголем дел во јуни, но вирусот почна повторно да се шири во август, поради што беше воведен карантин во Окланд, а одредени ограничувања беа вратени во другите градови.

Во таа земја, од почетокот на епидемијата се потврдени 1.468 случаи на коронавирус, а 25 лица починаа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.