Стотици луѓе биле уапасени за време на протести поради цената на горивата во главниот град на Еквадор, а претседателот на оваа држава ја повлекол владата од Кито во крајбрежниот град Гајакил.

Претседателот Ленин Морено рекол дека нема да се откаже од зголемувањето на цената на горивата и ги обвинил своите противници за обид за пуч, пренесува „Би-Би-Си“.

Претходно демонстрантите, предводени од групите на домородското население, ги блокирале патиштата.
Во телевизиското обраќање, Морено нагласил дека нема да толерира наредби ниту ќе се откаже од укинувањето на субвенции за гориво.

Тој го обвинил претходникот на Рафаел Кореа и венецуелскиот претседател Николас Мадуро дека стојат зад „планот за дестабилизација“.

Еквадорскиот министер за енергетика објавил дека активностите на трите нафтни полиња во регионот на Амазон се прекинати поради напад на неидентификувани групи, што довело до намалување на овој енергент за 12 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.