Романија и Бугарија се земјите, кои се карактеристични по тоа дека имаат ниска стапка на вакцинираност, согласно информациите на Европската Унија.

Но, ситуацијата која го привлече вниманието на јавноста е следнава, лекарите изјавиле скандалозни информации кои ги добиле од своите пациенти кои се ковид-позитивни. Имено, дури пред да починат, ковид позитивните пациенти им признавале на своите лекари дека не се вакцинирани и дека имаат лажни ковид сертификати.

Согласно ова, лекарите велат дека конечно се објаснува фактот зошто младите имаат тешка форма на ковид, како и смртни последици.

Информациите на надлежните велат дека, Бугарија има 20% вакцинирано население, додека Романија со блага предност, поточно 29%.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.