Московските власти претставија денес апликација за паметни телефони која го следи движењето на лицата на кои им е наметната изолација поради коронавирусот.

Според официјалните податоци со коронавирусот се заразени 2.777 Руси, а во последните 24 часа коронавирусот беше потврден кај 440 граѓани.

До сега умреа 24 лица.

Москва, епицентарот на епидемијата во Русија, објави делумен карантин во неделата и на жителите им беше кажано да ги напуштаат домовите само за да ги купат нужните производи, да ги прошетаат кучињата или ако им е потребна лекарска помош.

Градските власти соопштија дека развиле апликација за паметни телефони за граѓаните на Москва кои го имаат коронавирусот.

Откако тие граѓани ќе ја симнат апликацијата, властите ќе можат да г следат.

Апликацијата е сѐ уште во пробна фаза, изјави Едуард Лисенко, заменик шеф на одделот за информациски технологии.

Москва исто така се подготвува за воведување на градски систем на кју-ар кодови, при што секој жител кој ќе се регистрира онлајн ќе добие единствен код кој би им го покажал на полицајците ако го легитимираат, кажа Лисенко.

Осум јужни руски покраини денес воведоа слични мерки на ограничување на слободата на движење како Москва, и во моментов делумен карантин е на сила во повеќе од 60 руски федерални субјекти, од вкупно 85.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.