Втората најнаселена австралиска сојузна држава Викторија прогласи состојба на катастрофа и воведе ноќен полициски час во Мелбурн како дел од најстрогите рестриктивни мерки досега во обид да го сопре ширењето на коронавирусот.

Полицискиот час во Мелбурн ќе биде на сила од 20 до пет часот, кога на петте милиони жители ќе им биде забрането да излегуваат од дома, освен за работа и итни случаи.

Мелбурн се мачи да го скроти вирусот и денеска регистрираше нови 671 случаи на зараза, како и седум починати од ковид-19. Поради голем број случаи од непознато потекло, во градот се воведени дополнителни мерки, кои ќе бидат на сила шест недели, до 13 септември.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.