Врховниот суд на Мексико го оцени како противуставно третирањето на абортусот како кривично дело, што во оваа доминантно католичка нација се гледа како голема победа за поборниците за здравјето на жените и човековите права.

– Ова е историски чекор за жените, рече судијата на Врховниот суд Луис Марија Агилар.

Одлуката на водечкиот мексикански суд сега отвора можност жените затворени за абортус да бидат ослободени, а може да доведе и до тоа жени од Тексас, кој забрани абортус по шест недели од бременоста, да отидат јужно од границата за да абортираат, коментираат светските агенции.

Во јули, државата Веракруз стана четврта од 32 мексикански држави што го декриминализира абортусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.