Познавањето странски јазици е суштинска алатка за културна размена. Надалеку е познато дека таквите вештини се бараат и промовираат на многу работни места и можат да ја олеснат комуникацијата во неколку други контексти.

Како што објави Евростат, во 2019 година, 59 отсто од средношколците во ЕУ учеле два или повеќе странски јазици. Меѓу земјите на ЕУ, сите средношколци во Луксембург и Франција учеле два или повеќе странски јазици.

Естонија, Романија, Чешка и Финска, исто така, имаат голем дел од учениците кои учат два или повеќе јазици (99 отсто), по што следуваат Словачка (98 отсто), Хрватска (95 отсто) и Словенија (92 отсто).

Затоа, пак, во Грција, во 2019 година само еден отсто од средношколците учеле два или повеќе странски јазици.

Низок процент на изучувани странски јазици е регистриран и во Португалија (шест отсто), Ирска (12 отсто), Италија (25 отсто) и Шпанија (27 отсто).

Во 2019 година, англискиот јазик е најчесто изучуваниот странски јазик во средните училишта во ЕУ со 96 отсто. Шпанскиот е на второ место (26 отсто), потоа францускиот (22 отсто), германскиот (20 отсто) и италијанскиот јазик (три отсто).

Освен овие јазици, рускиот, кој е јазик надвор од ЕУ, се изучува и во земјите од Унијата (три отсто), особено во Естонија (68 отсто) и Летонија (57 отсто), а потоа во Литванија (30 отсто) и Бугарија (24 отсто).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.