Британската агенција за јавно здравје со помош на војската за пет дена ја претвори конференциската сала „Ексел“ во Лондон во болница во која можат да се сместат до 4.000 пациенти.

Во неа ќе се сместат само пациенти со коронавирус кои немаат други здравствени проблеми или хронични заболувања. Потешките случаи ќе продолжат да се третираат во поголемите болници низ целата земја.

– Ние сме навикнати да се бориме, но ова е борба што сè уште не сме ја виделе. Ние се бориме со невидлив непријател и немаме многу време. Планирањето беше многу кратко и задоволни сме од тоа како испадна. Доколку е потребно, можеме да го направиме ова насекаде во светот – рече полковникот Ешли Борехам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.