Кинеската полицијата, од септември досега, во три града уапсила повеќе од 80 луѓе вклучени во продажбата на фалсификувани вакцини.

Кинеските државни медиуми објавија дека апсењата биле извршени во градовите Пекинг, Џангсу и Сандонг, а кинеската агенција „Ксинхуа“ соопшти дека биле запленети 3.000 лажни вакцини.

Агенцијата наведува дека кинеското министерство за јавна безбедност отворило истрага за измами со создавање и фалсификување вакцини.

Полицијата открила дека луѓето кои биле вклучени во криминалните активности од септември 2020 година „оствариле голем профит продавајќи лажни вакцини по високи цени“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.