Во Кина во последните 24 часа се потврдени 144 нови случаи на заразени со корона вирусот, што е највисок дневен биланс од 1 март минатата година.

Како што објави Националната здравствена комисија, од 126 нови локални инфекции, најмногу имало во провинцијата Хејлоџијанг (69) и во Џилин (33).

Бројот на асимптоматски случаи, што Кина не ги класифицира како група на луѓе кои страдаат од Ковид, се искачил на 113 во споредба со 58 претходниот ден.

Вкупниот број на лица заразени со корона вирус од почетокот на пандемијата во Кина изнесува 88.701, а бројот на смртни случаи останува непроменет – 4.635.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.