Не се пријавени нови случаи на заболени со коронавирус преку локална трансмисија во Кина, соопштија кинеските здравствени власти.

Националната здравствена комисија соопшти дека добила извештаи за 39 нови потврдени случаи, сите од нив се лица кои деновиве влегле во Кина.

Вчера се регистрирани девет смртни случаи и 47 нови сомнителни случаи на заболени од ковид-19. Сите смртни случаи се во провинцијата Хубеи.

Вкупниот број потврдени случаи на коронавирус во Кина достигна 81.093.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.