Кинеската Влада соопшти повеќе од една милијарда луѓе во земјата се целосно вакцинирани против Ковид -19. Тоа е повеќе од 70 проценти од кинеското население.
Портпаролот на кинеското Министерство за здравство, Ми Фенг, соопшти дека во набројната држава во светот (1,4 милијарди жители), каде што се појави корона вирусот на крајот на 2019 година, инјектирани се вкупно 2,16 милијарди дози вакцини од 15 септември.
Во некои места во Кина, корона вирусот се уште се појавува од време на време, каков што е случајот во источната провинција Фуџијан, во изминатите денови, каде што дневно се регистрираат околу педесет случаи.
Официјално, бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Кина изнесув 4.636.
Од крајот на минатата година, Кина ги вакцинираше луѓето во земјата главно со две вакцини што се даваат во две дози и тоа произведени од кинеските компании „Синовак“ и „Синофарм“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.