Во Кина во средата се потврдени 47 нови случаи на зараза со новиот коронавирус, што е најголема бројка на дневно ниво по повеќе од два месеца, известија во четвртокот кинеските здравствени власти.

Од новите случаи, 23 биле локални зарази во покраината Ксинџијанг, кои вклучувале претходно асимптоматски пациенти по масовното тестирање во градот Кашгар минатата седмица, додека другите се ткн увозни инфекции, односно лица кои допатувале од странство.

Зголемувањето на бројот потвдени инфекции со коронавирусот е најголемото од 9-ти август, кога беа забележани 49 случаи, но тоа е драстично помалку од оној кој во Кина беше регистриран на дневно ниво во екот на епидемијата во февруари.

Вкупно бројот на потврдени случаи, од крајот на декември 2019 година кога во градот Вухан беше откриени првиот случај на зараза со вирусот SARS-CoV-2, досега во континентална Кина изнесува 85.915 случаи на заразата, додека бројот на починатите останува непроменет со месеци на 4.634 смртни случаи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.