Министрите за надворешни работи на сите три балтички земји од денеска се во карантин, бидејќи нивниот словенечки колега е позитивен на новиот коронавирус.

Анже Логар беше позитивен во петокот, а во четвртокот ја заврши турнејата низ балтичките земји, каде се сретна со колегите од Летонија, Едгарс Ринкевичиус, Естонија Урмас Реинсалу и Литванија, Линас Линкевичиус.

Неколу дена по враќањето од посета на Естонија, претседателот на Полска, Анджеј Дуда, исто така е позитивен на Ковид-19. Во понеделникот, на инвестицискиот форум во Талин, каде Дуда се состана со претседателот на Естонија, Керсти Каjулаид, присуствуваше и претседателот на Бугарија, Румен Радев, кој веќе е во изолација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.