Повеќе од 27 милиони луѓе во и околу Манила повторно се ставени во карантин по воведувањето нови рестриктивни мерки поради коронавирусот на Филипините.

Мерките стапија во сила откако бројот на заразени лица во земјата надмина 100.000, а медицинските здруженија го повикаа претседателот Родриго Дутерте да преземе нешто во врска со тоа.

Нашите здравствени работници не треба да го сносат товарот да одлучат кој ќе живее и кој ќе умре“, наведоа лекарите во отвореното писмо, предупредувајќи дека здравствениот систем е преоптоварен.

Две големи државни болници во Манила се привремено затворени поради инфекција кај здравствените работници, додека некои приватни болници ги одбиваат пациентите поради недостаток на простор, пренесува „Гардијан“.

Во последниве денови, епидемијата на коронавирус на Филипините се шири брзо и веќе се регистрирани 106.330 случаи. Починаа над 2.000 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.