Во главниот град на Венецуела слетале два руски авиони, воено-транспортниот Ан-124 и патничкиот Ил-62, со 99 руски војници предводени од Василиј Тонкошкуров, раководител на Главниот штаб на копнените сили на Русија, и со товар од 35 тона, објави венецуелското издание „Нотисиера дигитал“.

Во претседателската ложа на аеродромот тие се пречекани од раководителот на одделот за меѓународни врски на венецуелскат армија, вицеадмирал Мариани Мата, од претставници на руската амбасада и венецуелските вооружени сили- напиша на Твитер новинарот Хавиер Мајорка.

Не е познато дали се тоа регуларни војници или наемници. Претходно повеќе медиуми објавија дека кон крајот на јануари во Венецуела пристигнале воени лица од руската приватна воена компанија „Вагнер“ за заштита на претседателот Николас Мадуро. Првата група на наемници пристигнала уште пред претседателските избори лани во мај, додека втората „неодамна“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.