Научниот комитет, што ја советува канадската Влада за вакцини против коронавирусот, препорача вакцината на „Џонсон и Џонсон“ да се користи кај лица над 30 години.

Таа одлука дојде кратко време откако Данска објави дека целосно се откажува од овој производ поради можни сериозни несакани ефекти, и покрај зелено светло од СЗО и европскиот регулатор.

Во април, регулаторот на САД ја прекина употребата на оваа вакцина по ретки случаи на тромбоза. Франција одлучи да го примени на лица над 55 години слично како и за „Астра Зенека“.

Каролин Каш, раководител на канадскиот научен комитет, рече дека со оглед на сегашните податоци, се препорачува вакцината „Џонсон и Џонсон“, како и вакцината „Астра Зенека“, да се дава на лица на возраст од 30 години и повеќе.

За време на клиничките испитувања, вакцината „Џонсон и Џонсон“ покажала ефикасност од 67 проценти, додаде таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.