Планирано е отворање на ноќните клубови во Франција во јули, најави денеска францускиот министер за здравство Оливие Веран.

Од март 2020 во Франција не работат ноќните клубови во Франција поради пандемијата со ковид-19.

Се очекува ноќните клубови повторно да бидат отворени во јули со одредени барања, рече Веран за француската телевизија БФМ.

Тој не даде точен датум.

Повеќе од 100 ноќни клубови од 1.600 во Франција се трајно затворени поради пандемијата на коронавирусот, соопшти унијата за угостителство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.