Властите во Кобе, во западниот дел на Јапонија, соопштија дека е регистрирана нова мутација на коронавирусот кај 50-годишен пациент.

Мажот не ја напуштил Јапонија, затоа властите се сомневаат дека мутацијата се случила во неговото тело. Истовремено, генетската анализа наведува дека потеклото на новата мутација е од британскиот сој. Постои истиот ризик од тешки симптоми и голем процент на ширење.

Порано на територијата на Кобе, каде се наоѓа едно од најголемите меѓународни пристаништа
во Јапонија, биле откриени околу 150 случаи на инфекција со странски мутации на коронавирусот.

Вкупниот број на случаи на Ковид-19 во Јапонија надминува 750.000, а повеќе од 13.000 лица се
починати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.