Министерството за здравство на Израел објави дека повеќе од 2.000 луѓе биле позитивни на Ковид-19 во понеделникот, што е најмногу од март.

Како што е наведено, биле тестирани повеќе од 90.000 примероци, а стапката на позитивни случаи изнесува 2,32 проценти.

Според Министерството за здравство, 10 проценти од оние кои биле позитивни на коронавирус во понеделникот пристигнале од странство. И покрај апелите на Владата да не патуваат без потреба, меѓународниот аеродром во Израел е полн со патници.

Зголемувањето на бројот на заразени се припишува на ширењето на „делта“ видот во последните неколку недели и повторно се воведени санитарни мерки, кои беа скоро целосно укинати порано, а се препорачува употреба на заштитни маски и изолација.

Министерот за здравство, Никан Хоровиќ, го повтори апелот што побрзо да се вакцинираат сите што досега не го сториле тоа.

Во Израел, повеќе од 5,3 од 9,3 милиони луѓе се целосно имунизирани.

Хоровиц исто така рече дека Министерството разгледува дали да им даде на постарите граѓани трета доза на вакцина против Ковид-19.

Израел во моментов им дава трета доза на луѓето чиј имунолошки систем е ослабен.

Од повеќе од 13.000 активни случаи, 138 пациенти се во сериозна состојба, од кои 25 на респиратор.

За споредба, во екот на третиот бран на зараза во јануари, имаше повеќе од 1.200 тешки случаи на ден.

За време на пандемијата починаа 6.461 лице.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.