Како знак колку се катастрофални овие избори во Германија за ЦДУ/ЦСУ покажува и податокот дека во изборната единица на Ангела Меркел, каде што таа е директно избрана во Бундестагот, победила левичарската Социјалдемократска партија. Меркел го добива директниот мандат на осум последователни гласања од 1990 година.

Уредникот на „Билд“, Јулијан Рајхелт, на Твитер напиша: „Историска катастрофа за ЦДУ“.

Според една постизборна анализа, 56 отсто од оние што гласале за ЦДУ/ЦСУ изјавиле дека Армин Лашет имал катастрофален ефект на резултатот на партијата, додека само 11 проценти рекле дека тој ѝ помогнал на партијата. За разлика од нив, дури 70 отсто од гласачите на СПД изјавиле дека Олаф Шолц ѝ помогнал на партијата да го оствари овој резултат. Интересно е што СПД има големи успеси кај постарата популација, што досега беше поле на доминација на ЦДУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.