На воениот аеродром Пратика ди Маре во близина на Рим пристигнаа 1,3 милиони дози од вакцината „Ваксзервија“ на компанијата „АстраЗенека“.

Кампањата за вакцинација на Италија значително се забрза во последните две недели, но недостигот на потребните дози од вакцините стана закана да го запре напредокот, коментираат локалните медиуми.

Официјални претставници на Лацио, регионот на кој припаѓа Рим, вчера соопштија дека во рок од 24 часа ќе мора да ја прекинат вакцинацијата, доколку не добијат нови резерви.

Новите добиени вакцини од „АстраЗенека“ ќе бидат дистрибуирани во текот на попладневните часови низ целата земја, а околу 200 000 дози се наменети за Лацио.

Работиме на терен со Министерството за одбрана, Одделот за цивилна заштита и регионалните здравствени власти, за да можеме да вакцинираме до 500.000 луѓе на ден – изјави потсекретарот во италијанското Министерство за одбрана Џорџо Муле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.