Директорот на медицинско-истражувачкиот центар „Гамалеја“, Александар Гинцбург, соопшти дека производството на руската вакција против Ковид-19, „Спутник“ во Италија ќе достигне и 10 милиони дози месечно.

Производството на вакцинјата „Спутник“, што е договорено во Италија, е со многу големи размери и до мај ќе достигне десет милиони месечно – изјави Гинцбург, пренесе агенцијата ТАСС.

Гинцбург додаде дека во моментот има разговори за производство на вакцините „Спутник“ и во други земји-членки на Европската Унија.

Тој откри дека меѓу нив се Германија и Франција, но истакна дека разговорите се наоѓаат во рана фаза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.